Несоодветни теми за првиот состанок

Првата средба е возбудлив настан во животот на секој човек. За да помине пријатно и да не се претвори во последна, треба внимателно да ги изберете темите на разговор. Ви претставуваме седум теми, за кои не треба да сè разговара на првиот состанок.

1. Односите со поранешниот / та

Темата за односите со поранешниот / та е многу важна, но не и за време на првата средба. Сè во свое време. Ако вашиот партнер побара да раскажете нешто за своето минато и личниот живот, треба да му кажете дека времето за соголување уште не е дојдено.

2. Религија и политика

Од гледна точка на етикетата, овие теми се апсолутно непожелни, бидејќи можат да влијаат во комуникацијата со недоволно блиски луѓе. Исклучок може да се направи, ако единството во ставовите е прашање на приоритет за вас.

За да дознаете повеќе за тоа дали идеите за светот околу вас се слични, можете да го погледнете профилот на партнерот на социјалните мрежи,  и да ја разгледате листата на групи, во кои учествува.

3. Пари

Темата за парите на првата средба е сосема некултурна. Замислете некој да ве праша за банкарската сметка или имотот, и според тоа да процени дали си одговарате. Ќе се почувствувате како да сте на пазар.

s

4. Секс

Не почнувајте разговори на интимни теми на првиот состанок. Дури и жешка девојка како Саманта од “Сексот и градот” не би започнала веднаш да зборува за секс, дури и ако нејзината цел да го заведе најубавиот маж. Од овие разговори, вашето рандеву нема да стане поинтересно.

5. Семејни проблеми

Можно е уште на првата средба да дознаете дека пред вас стои единствениот човек со кого сакате да го поминете вашиот живот, да ги споделите вашите чувства, искуства и проблеми. Дури и да е така, не брзајте да му верувате и да споделувате семејни тајни.

6. Здравје

Не е потребно на првата средба да се зборува за болести и здравствени проблеми. Таквиот разговор може да ја направи атмосферата тензична.

 

- Реклама -