Научниците испитаа 11.000 галаксии во нашиот „комшилук“ и открија дека гасовите во овој дел од вселената, кои важат за „крвотокот“ на формирањето на нови ѕвезди, од некоја причина се губат.
Во истражувањето објавено на 17 јануари во стручното списание Monthly Notices of the Royal Astronomical Society, научниците заклучуваат дека гасовите ги голтаат големи „облаци“ од темна материја распоредени околу оваа галаксија. Заклучокот се базира на податоците добиени од Меѓународниот центар за радио-астрономски истражувања (ICRAR) во Австралија.
Кога во галаксиите нема доволно гасови, тие не можат да формираат нови ѕвезди.
„Гасовите го диктираат животот на галаксиите, бидејќи постоечките ѕвезди се ладат и стареат. Ако го отстраните главното гориво за создавање на нови ѕвезди, вие ја убивате галаксијата и ја претварате во мртов објект“, вели Тоби Браун – астрономот на чело на студијата.
Тој го споредува процесот со уште еден начин на кој умираат галаксиите, а кој е познат како гушење.
„До гушење доаѓа кога гасовите ќе се потрошат на формирање на нови ѕвезди пред да успеат да се надокнадат. Така галаксијата сама себе си се лишува од нов живот“, вели Браун, додавајќи дека разликата е во тоа што ова е побавен процес.