Несекојдневно училиште за уметници под ведро небо (видео)

Wide Open School е необичен експеримент преку кој група уметници се обидуваат кај своите студенти да ја подигнат свеста, да внесат нова неконвеционална димензија кон уметноста. И сето тоа го прават на отворено, под ведро небо, без наметнување на физички и емоционални бариери кон идните уметници.

Програмата на училиштето е осмислена и ќе биде презентирана од страна на околу стотина уметници кои доаѓаат од четериестетина различни земји од целиот свет. Проектот не преставува училиште за уметност туку училиште водено од страна на уметници, еден широк спектар на форуми каде што уметниците водат интересни работилници, колаборативни проекти, колективни трибини и предавања, перфоманси од секоја област и за секој којшто е страстно заинтересиран за било кој вид уметност.

Прочитајте и:  Романија воведува „притвор“ за непримерните ученици

{youtube}_AL3qeTVZpY{/youtube}

[The unusual learning experiment devised by artists]

- Реклама -