Нептун ќе наполни една година

Повеќе...Вселената отсекогаш го фасцинирала човекот. Таа постојано се истражува и постојано нѐ изненадува со нови и интересни податоци. Еден од интересните податоци е дека планетата Нептун за првпат ќе завршија една револуција, од нејзиното откривање.

Вселената отсекогаш го фасцинирала човекот. Таа постојано се истражува и постојано нѐ изненадува со нови и интересни податоци. Еден од интересните податоци е дека планетата Нептун за првпат ќе завршија една револуција, од нејзиното откривање.

neptune-2Планетата Нептун беше во опозиција, кога Сонцето, Земјата и планетата беа во иста линија на 20 август. На полноќ таа беше највисоко на небото, а исто така тогаш беше најблизу до Земјата.

Оваа опозиција е толку специјална, бидејќи Нептун се враќа близу до точката каде што првпат била откриена во 1846, завршувајќи ја својата прва орбита околу Сонцето. Нептун е близу, но на истата точка ќе биде во 2011, според НАСА.

Голема случајност е тоа што и првата нејзина опозоција во 1846 била на 20 август, иако не била забележана дури еден месец подоцна, на 23 септември. Според тоа е направена мапа, на која точно се гледа каде Нептун ќе ја заврши својата прва орбита. Но, и самото откривање на Нептун има интересна историја:

Планетата Уран била откриена случајно во 1781, од страна на Сер Вилијам Херчел, во неговата потрага по небесни тела. Како што поминувало времето, позицијата на Уран не можела точно да се предвиди и астрономските математичари почнале да се сомневаат дека таму има и друга планета која влијае врз движењето на Уран.

Во средината на 1840 година, Англичанецот Џон Коуч Адамс и францизинот Урбан ле Верер независно искалкулирале каде оваа нова планета би била, според ефектот кој го има врз Уран, но и двајцата имале тешкотии со тоа да го привлечат внимание на астрономите, односно во добивањето нивна помош при потрагата.

Конечно, германскиот астроном Џона Гале ја забележал предвидената локација и открил малечок сино-зелен диск на планетата која подоцна била наречена Нептун. Датумот бил 23 септември 1846 година. Ова покренало расправија меѓу француските и англиските астрономи околу тоа кој го открил Нептун прв. На крајот, сите тројца – Адамс, Верер и Гале – биле прогласени за луѓе што го откриле Нептун.

Сепак, ниту еден од нив прв не го забележал Нептун. Таа чест му припаѓа на Галилео Галилеј, кој двапати го забележал Нептун, помешувајќи го со ѕвезда, на 28 декември 1612 и 27 јануари 1613. Првпат, тој ја помешал планетата со ѕвезда поради огромната оддалеченост на гасниот џин и лошиот квалитет на неговиот телескоп.

Речиси цел век Нептун беше најоддалечената планета од Сонцето, сѐ до 1930, кога ситната планета Плутон беше откриена. Сега кога Интернационалната Астрономска Унија го смени статусот на Плутон во џуџеста планета, Нептун одново го носи приматот најдалечна планета во сончевиот систем.

Иако Нептун е џиновска планета, огромната далечина ја спречува можноста таа да биде видена со голо око. За да се види Нептун потребна е добра телескопска опрема. Со мал телескоп, Нептун ќе изгледа исто како ѕвезда, со сино-зелена боја. Но, иако гледан низ телескоп изгледа мал, Нептун е 4 пати поголем од Земјата и има 13 пати поголема маса. На Нептун има прстени, но многу поретки од тие на Сатурн.

Во 2011 ќе бидеме сведоци на првата измината година на Нептун. [Neptune Nears End of First Orbit Since Its Discovery in 1846]

- Реклама -