Непријатно изненадување во Постдам, Германија: Јозеф Гебелс сѐ уште е почесен граѓанин

Градот Потсдам призна дека неодамна дошол до многу непријатно откритие – дека почесното државјанство што во 1938 година му било доделено на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс, никогаш не е укинато, јави денеска ДПА.

Оваа чест му била доделена на високиот нацистички функционер од градот Бабелсберг на 1 април 1938 година, една година пред тој да биде придодаден на Потсдам, главниот град на покраината Бранденбург.

Иако ваквиот тип на почести вообичаено завршуваат кога носителот на чест ќе почине (во случајот на Гебелс тоа би било 1 мај 1945 година) тој сѐ уште е на листата на почесни граѓани.

На веб-страницата на почесни граѓани на Потсдам од XIX век се наведува дека титулата почесен граѓанин што му била доделена на Гебелс „не била постхумно укината, најверојатно поради незнаење на фактот дека му е доделена“.

Откритието е направено во текот на летото од персоналот во градската управа кој ја проучувал листата на почесни граѓани.

- Реклама -