Драгана Мирковиќ на почетокот на кариерата дури пред повеќе од три децении изгледаше сосема поинаку.
Српската пејачка која е позната како единствената (покрај Лепа Брена) која ги распродавала концертите на најголемите стадиони во Бугарија, Романија и Босна и единствена која одржала солистички концерт во Турција, не секогаш изледала како денес.
Драгана на почетокот на кариерата имала густа и виткана коса, а и поинаква физиономија на лицето.
Како што созревала и ја сфаќала сериозноста на транформацијата, така и нејзиниот изглед се менувал.
Драгана направила операција на носот, ги испеглала кадриците, и денес изледа сосема поинаку.
Минатата година таа одржа концерт во белградската Арена, на кој присуствуваше речиси целата естрада.