Непознати моменти за филмот „Убава жена“

Многумина љубителки на филмот, кога сакаат да изберат филм во кој што ќе се насмеат и заплакаат, го одбираат филмот „Убава жена“ со Џулија Робертс и Ричард Гир во главната улога.

Филмот што испраќа порака дека спротивностите се привлекуваат, е популарен веќе 23 години, а во чест на оваа класика ви претставуваме помалку познати факти за филмот.

1. На почетокот требал да се вика „3.000 долари“, но на публиката тој наслов оставил лош впечаток.

pretty-woman-julia-roberts_650x478

2. Мег Рајан требало да ја глуми Вивијан, но ја одбила улогата. Всушност, многу актерки имале предност пред Џулија Робертс, вклучувајќи ги Мелани Грифит, Шерон Стоун, Мишел Фајфер…

3. Следниот пат кога ќе го гледате филмот обрнете внимание на Вивијан. Ќе видите дека таа никогаш не седи на стол. Неа и е поудобно на подот или на некој мебел, а тоа е осмислено да се истакне нејзината професија.

4. Дали сте знаеле дека „Прекрасна жена“ е филм на „Дизни“?

5. Режисерот Гери Маршал ја вметнал и својата ќерка во филмот. Таа глуми рецепционерка во хотелот.

6. Сите сцени од „”Rodeo Drive” улиците во Беверли Хилс се снимени во недела, бидејќи градот има строги правила за снимање во таа улица.

pretty-woman-brown-dress1

7. Џулија Робертс имала само 22 години, кога бил реализиран филмот во март 1990 година. Тој месец таа раскинала со актерот Дилан Мекдермот и започнала да излегува со актерот Кифер Сатерленд.

8. Првичниот план бил сцените со операта да се снимаат во Сан Франциско, меѓутоа поради земјотрес, сцените се снимени во историскиот музеј USC.

9. Ова е првиот филм во кој глуми Хенк Азарија. Тој е детектив, а сега е познат по улогата на Дејвид во серијата „Пријатели“ и по многу гласови кои ги има позајмено  за „Симпсонови“.

10. Постојат и грешки во филмот. Првото утро кое го поминува заедно со Едвард, Вивијан во првата сцена појадува кросан, а веќе во следната палачинки.

julia-roberts-pretty-woman

11. Џулија за улогата на Вивијан се подготвувала две седмици во клиника во Холивуд.

12. Првобитната замисла на филмот била Вивијан да биде зависник од наркотици.

pretty-woman-dress_3

13. Ричард Гир во филмот навистина свири клавир и тоа нумерата која што самиот ја искомпонирал.

14. Во текот на снимањето на секс сцените, Џулија била толку нервозна што и искочила вена на челото. Тогаш Гери Маршал влегол во кревет заедно со Ричард Гир и ја масирал Џулија.

prettywoman(2)

- Реклама -