На жена во лондонското метро и бил подаден флаер на кој што пишувало “мрази ги и навредувај ги дебелите луѓе”. Кара вели дека ова е најмалодушната и одвратна работа што некогаш ја видела.
На едната страна на флаерот пишувало” дебела “, додека на другата страна имало фотографии од Кара на социјалните мрежи.”
Нашата организација ги мрази и навредува дебелите луѓе. Ние го осудуваме огромното количество на хранливи ресурси што го конзумирате додека половина свет гладува. Ние не одобруваме да трошите пари на здравствениот систем за третман на вашата егоистична алчност. И не разбираме зошто не можете да разберете дека јадејќи помалку ќе бидете подобра, послаба, посреќна и ќе најдете партнер кој не е перверзен љубител на заоблени жени “.
Кара го објави флаерот на социјалните мрежи и им понуди на луѓето да го споделат и да изразат незадоволство.
“Јас не сум лута, јас сум послаба од просекот за нацијата, но тоа е малодушно, одвратно и може да вознемири луѓе кои се борат со својата самодоверба и проблеми со исхраната” , забележува таа.
Најапсурдно е тоа што вакви бизарни организации се појавуваат во момент кога светот се занимава со многу посериозни проблеми како борба против тероризам, војни и климатски промени.