Непозната Јапонија: 18 факти кои ќе ве зачудат

Познати како работлив и вреден народ, Јапонците често се вистинска енигма за западните  народи. И кога за едните се фасцинанти, за другите тие се ладен народ, но без приговор мора да им се признае дека тие се држат за својата култура и своите идеали. Пример, светската јавност ја одушеви веста за јапонската фирма „Akagi Nyugyo Co“ објави видео во кое што се извинуваа за зголемувањето на цената на својот познат сладолед “Gari- Gari Kun“

За да го одржат одржливиот бизнис на компанијата, тие мораа да ја зголемат цената на сладоледот од 60 на 70 јени, што претставува зголемување од 9%. Компанијата го произведува овој сладолед веќе 25 години, а нејзината цена остана иста, и покрај тоа што цените на состојките и работната сила се множат во последните две и пол децении. Сепак, тие веќе не можеа да издржат и мораа да ја зголемат цената, но така во рекламата претходно се извинија за тоа.

Еве 20 помалку познати факти за Јапонија:

1. Идиот е навредливиот збор на јапонски јазик, поради тоа ретко се користи

2. Јапонците јадат делфини, а суровото месо од коњи е популарна храна во Јапонија.

3. Оставањето на бакшиш нема да ви направи добро, бидејќи тоа се толкува како потценување на работата

4. Шансата за враќање на паричникот со сите ваши пари и картички во Јапонија е сè уште над 90 проценти.

5. Токио се смета за многу безбеден град, децата на возраст од осум или девет години сами го користат јавниот превоз.

6. Работењето 18 часа без пауза не се смета за ништо невообичаено ако има рокови или слични ситуации.

7. Во Јапонија, вазните со чадори често може да се видат на улиците, па доколку почне да врне, сите можат да ги користат.

8. Во Јапонија децата со месеци немаат имиња, туку само броеви. Таа единствена земаја во светот каде што сеуште има цар на чело на државата.

9. Во Јапонија има повеќе миленичиња отколку деца – околу 22 милиони миленичиња, додека децата под 15 години се само 16,6 милиони

10. Во Јапонија, се трошат 24 милијарди стапчиња за јадење годишно – околу 200 по човек. Според нивната етикета, стапчињата  не треба да се вкрстуваат на масата бидејќи тоа значи смрт, или да се ставаат вертикално во сад со ориз, бидејќи тоа се прави на погреби.

11. Зградата Гејтс кула во Осака има автопат кој минува низ самата зграда, поточно помеѓу петтиот и седмиот кат.

12. Фанта е една од најпопуларните пијалоци, а има дури 70 различни вкусови со имиња како Genius Energy, Snow Squash и Hip Hop.

13.Колку многу им е важно доборото однесување на Јапонците потврува и фактот што во нивната култура постојат дури 20 различни начини за извинување.

 

14. Првиот пат кога Јапонците го слушнале гласот на  император, бил кога го објавил предавањето во Втората светска војна на радио. Инаку, гласот на императорот се смета за глас на самиот Бог.

15. Колку јапонците ја сакаат разновидноста  потврдува фактот дека тие имаат околу 300 различни вкусови на чоколадите  Кит Кат, вклучувајќи сос од соја, европско сирење и васаби.

16. Најскапата риба продадена во Јапонија имала цена од 1,8 милиони американски долари, а тоа било туна на аукција од сопственикот на ланецот на суши Кијоши Кимура.

17. По особено „интензивната“ епизода на „Покемон“прикажана на 16 декември 1997 година, дури 685 деца биле примени во јапонските болници со симптоми како што се главоболка, вртоглавица, па дури и напади на паника, а целиот инцидент се викал „Покемон шок“. Таа епизода никогаш не се емитуваше повторно во светот.

18. Во Јапонија многу повеќе се посвојуваат возразни луѓе отколку деца – пример. во 2011 год 90 проценти на усвоеност биле мажи на возраст помеѓу 20 и 30 години. За многу семејства, овие посвојувања се еден начин тие да го продолжат својот бизнис затоа што немаат наследници. Усвојувањето на возрасните е исто така честа алтернатива на истополовиот брак, кој не е законски признат во Јапонија.

 

 

- Реклама -