Неповторливата мудрост на Габриел Гарсија Маркес

Кога Габриел Гарсија Маркес започнува да пишува, тој е принуден да ја напушти својата работа. Го продава својот автомоби и се задолжува. Маркес е дури и принуден да ги продаде миксерот и фенот на неговата сопруга, за да заработи малку пари. Кога дознава сопругата што направил му вели: “Не дозволувај и’ на книгата да се претвори во нешто лошо.”

garcia-marquez1
Габриел Гарсија Маркес

Ви нудиме една колекција од најпознатите остроумни мисли на овој човек, кој не само што е талентиран писател, туку е и човек кој поминал низ тешки времиња, па има што да сподели од срце.

Ако се чувствувате депресивнo, потсетете се некогаш на следните редови.

Треба да се трудиме да го слушнеме детскиот глас, кој сè уште се крие во нас самите. Ако го слушаме него, ќе го разгориме животот во нас повторно. Ако ја загубиме врската со детето, нашата врвка со животот ќе биде целосно скината.

Еден човек не умира кога треба, туку кога може.

Срцето ги елиминира лошите спомени и ги зголемува најдобрите. Токму благодарение на оваа негова способност успеваме да одолееме на тешкотиите од минатото.

Проблемот со бракот е тоа што завршува секоја вечер по водењето љубов. Наутро пред појадок, треба да биде изграден одново.

sex

Бидете спокојни. Господ ве очекува на вратата.

Лудите престануваат да бидат луди еднаш штом ги прифатиме нивните аргументи.

Ако една жена се вмеша во некоја ситуација, знам дека сè ќе биде во ред. Апсолутно сум убеден дека жените владеат со светот.

Невидливата сила која го движи светот, е невозвратената љубов, а не среќната.

Секогаш постои нешто што можете да го сакате.

Подобро е да дојдете во несоодветно време, отколку да чекате покана.

lo

Една минута помината во помирување, е повредна од целиот живот на пријателство.

Ако се судрите со вистинска љубов, тогаш тој или таа нема да може да се скрие од вас. Ниту на недела, ниту на месец, ниту на година.

Не умирајте пред да го искусите чудото на водење љубов.

Никогаш не престанувајте да се смеете – дури и тогаш кога сте тажни. Не знаете кој може да се заљуби во вашата насмевка.

- Реклама -