Непотизам во ИСИС: Бомбашите-самоубијци дремат „без работа“

Наводно, лидерите на терористичката група Исламска Држава (ИСИС) се корумпирани до коска и наместо фер распределба на задачите, тие ги праќаат своите блиски први да загинат во самоубиствени бомбашки мисии. Регуларните борци се сé полути, бидејќи не можат да дојдат на ред.

Како што обвинува еден чеченски милитант, има огромен степен на непотизам во лидерските редови, а на борците им е преку глава да дремат на листите на чекање. Во поплаката, која Камил Абу Султан ад-Дагестани ја објави онлајн, тој вели дека многу од борците емигрираат од Сирија во Ирак, бидејќи се надеваат дека таму побрзо ќе добијат самоубиствена мисија. Според него, тоа е невозможно во Сирија, бидејќи листата на чекање е „мноооооооооооогу долга“ – неколку илјади луѓе, а предност секогаш имаат роднините и пријателите на лидерот.

Но, очигледно и во Ирак не е сé така сјајно. Дел од „печалбарите“ се враќаат во Сирија по само 2-3 месеци, разочарани дека и таму не можеле да најдат „работа“. Како што се вели во поплаката, единствен начин да добиете мисија (и да разнесете десетици/стотици невини цивили) е преку врски и познанства со Саудиските лидери.

Абу Султан наведува дека „печалбарите“ од прва рака го известиле дека Саудијците до толку ги имаат стегнато нештата што никој од надвор не може да стигне да се пријави за бомбашки напад – погодувате, заради непотизам. Султан смета дека се работи за голема „корупција“, па испратил директна жалба до лидерот на ИСИС Абу Бакр Ал-Багдади, чиј брат веќе е впишан во листата на тие што извршија самоубиствени бомбашки напади.

Свашта…

- Реклама -