Неподвижни лица од „непристапни места“ во Беровско носени во тракторски приколки за да се вакцинираат

Теренската имунизација, во соработка со здравствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, „се спроведува плански и на тешко достапните места. Сѐ што е потребно е да се има желба и заинтересираност од страна на граѓаните“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук, информирајќи, притоа, дека во село Ратево, Беровско, со трактор биле носени неподвижни лица од „непроодните места“ за да бидат вакцинирани. Тоа Филипче го потврди и со неколку фотографии.

Ваквата објава, меѓутоа, ги брануваше социјалните мрежи. Онаму каде министерот виде „исклучителна посветеност и организација при процесот на вакцинација“, дел од граѓаните видоа нехуман однос кон вакцинираните лица. Тие прашуваат како е можно во 21. век да постои „непристапен предел“ (до кој може да стигне трактор!) и дали наместо овие лица да бидат превезувани во тракторска приколка, не можеле медицинските екипи да бидат превезени до нив за да ги вакцинираат. Во реакциите граѓаните забележуваат и што медицинските лица не носат маски, но најмногу од сѐ не им е јасно како министерот Филипче заклучил дека ова е позитивно за објавување.

Прочитајте и:  Филипче: Нема да дозволиме враќање на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури
- Реклама -