Неодоливо! Двојно печени полнети компири

Ретко кој би им одолеал на компири испечени во рерна, наполнети со чадено месо, кашкавал и крем сирење, одлични се и како предјадење, лесна вечера или како додаток.

Потребно е:– 1 кг компири– 150 гр. чадено месо– 150 гр. крем сирење– 100 гр. кашкавал– 100 гр. путер– 1 лажица мешан зачин– сол
Начин на подготовка:

Чаденото месо и кашкавалот ги сецкаме на ситни коцки, и ги ставаме во длабок сад. Го додаваме крем сирењето и го мешаме филот со лажица. Измиените компири со вилушка ги боцкаме на неколку места и ги ставаме во тава за печење. Посолуваме и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
Подизладените компири ги вадиме од тавата и ги сечеме на половина по должина. На половинките компири им ги отсекуваме заоблените делови, за да добиеме рамни површини. Ги длабиме за полнење и ги наросуваме со мешаниот зачин. Потоа ги полниме со подготвениот фил и ги редиме половинките компири во тава за печење.
Во тенџере на оган го топиме путерот и ги преливаме половинките полнети компири. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 10 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
На чинија за сервирање редиме од двојно печените компири. Декорираме со мешавина од ситно сецкан магдонос или млад кромид.

 
 
Сподели ја веста:

Извор