Неодамна ме уби сексуалната врска со професорката!

Жените најчесто не се сметаат за предатори. Поимот женски сексуални „силеџијки“ и не се има нешто многу проширено. Но, тоа не значи дека не постојат. 

Минатиот месец триесет годишна асистентка едвај избегна затворска казна кога беше осудена за редовен, незаштитен секс со петнаесет годишен ученик. Станува збор за двомесечна афера за која младичот кажува дека го осакатила за цел живот.

Некои велат дека момчето треба да се олабави бидејќи може да биде благодарен за укажаното искуство да ја „рокне“ најзгодната професорка од училиштето. Па, и до негде се у право.
Поимите од типот, „сексуално вознемирување“ и „силување“, повеќе се поврзуваат со машката популација. Жените не силуваат, повеќе ги заведуваат своите жртви како во детските фантазии, што беше случај и со фамилијата Беримен од Лондон.
Имено двесет годишна девојка спиела со единаесет годишно дете, на кое требала да му биде дадилка. Одреден и бил куќен притвор. На ова, таткото рекол дека син му е „луд по секс“ и „потполно „волен за такво искуство“.

За разлика од фамилијата Беримен, мојата приказна започна кога имав 15 години. Професорката живееше во мојот град. Имаеше околу триесет. Беше ниска, убава, со плава коса и атлетска градба. Беше од оние професорки кои сакаат да многу да зборуваат со популарните деца од моето училиште на секакви теми. Девојчињата сакаа да бидат како неа, а машките, нормално, да ја опнат.

Никогаш не ни помислив дека тоа може да ми се случи мене.

Еден ден после часовите се преправав дека немам кредит на телефонот и морам да и пишам на мајка ми да ме земе од школо. Ја прашав дали може да ми го позајми нејзиниот телефон. Со цел да го добијам бројот си титнав кај мене.

Не бев ни стигнал дома, кога, оп, еве ти порака од професорката, која веќе го имаше сфатено мојот ефтин штос.

– Баш си шеговит, кога ќе наминеш на чај?

Не ми се веруваше, прво ме фати паника, па бројот и го запишав под име, Миа.
Ја посетував секој ден после часовите. Седевме на каучот, гледавме „Friends“, се бацувавме со саати и ги озборувавме професорите и децата од школо. По две недели, ја изгубив невиноста.

Сексот, на почетокот повеќе ми беше ноќна мора отколку секс. Секој петнаесет годишник кој пробува да задоволи повозрасна девојка, чувствува притисок.
Миа беше агресивна и прилично гласна. Давав максимум од себе со цел да го изимитирам она што го имав гледано на порничите. Осеќав несигурност.

Нешто подоцна ме натрера да и признаам дека ја сакам. Работата е во тоа што стварно ја засакав.

Како што поминуваше времето, врската се претвораше во кошмар. Миа ми забрануваше да се дружам со пола другарки, во кои гледаше конкуренција. Ми се жалеше како им била љубоморна на другарките кои полека почнуваа да се мажат, а она се бафтала со петнаес годишен клинец. Доаѓаше на часовите по драма, демек да не контролира, а ме зјапаше во очи со саати…

Работата отиде кај што не треба, кога ми кажа дека го изгубила нашето бебе…
Една вечер лежејќи во постелата, одеднаш почна да крвари, мислеше дека изненадно добила менструација. Утредента ми кажа дека го изгубила нашето бебе. Била трудна пар недели. Во тие моменти не можев да поверувам дека јас можам да направам дете, па и јас сум дете.

Никому не можев да кажам што ми се случува. Моите другари постојано зборуваа за разни девојки, а јас ко нем. Едвај чекав да дојде моментот кога ќе изглумам дека сум мртов уморен и право кај Миа.

Еднаш отидов кај неа и останав 48 саати. Го исклучив мобилниот. Уживанции. Се вратив дома по два дена. Мајка ми расплакана, ме пријавиле за исчезнат. Полицијата ме барала насекаде.

Го земав телефонот и ѝ пишав дека е крај.

Одговорот беше.
– ОК

Нашата врска заврши.

Досега имав три обиди за самоубиство. Два пати пробав да се отрујам со лекови, а еднаш намерно влегов со кола под камион. За среќа без последици по моето здравје. Докторот ми препиша антидепресиви за да ми се нормализира расположението.

По некое време дознав дека наводно, Миа спиела и со уште некој од моите соученици.

Отидов во полициска станица и ја пријавив

Им реков дека не сакам да дадам изјава и доколку се сомневаат, слободно можат да го отворат нејзиниот ФБ профил.

Последното што го имам слушнато за Миа е дека таа веќе не работи во школото, ја продала куѓата и Фејзбук профилот ѝ е укинат.

„Силеџијките“ се релативно ретки ама дефинитивно постојат. Жртвите треба да се охрабрат и јавно да проговорат за тоа. Јас и понатаму се трудам.

 

Извор: Вајс Њуз

- Реклама -