Никој сеуште неможе со сигурност да потврди што точно е причината за аутизмот, состојба која варира до необјасниви размери, која претежно се однесува на сериозни проблеми со комуникацијата, когнитивните способности и однесувањето, воопшто. Научниците изнајдоа безбројни заклучоци, но генетиката е комплицирана. Неуронауката е во конфликт.
3-D Реконструкција во која се прикажани малите набои во кортексот
Нова студија додава малку интригантно и неочекувано, контроверзно откритие – се сугерира дека мозокот кај децата со аутизам пројавува мали набои- џебчиња заради кои нормално подредените неурони во церебралниот кортекс се прекинати.
Оваа студија е објавена од невронаучникот од Универзитетот Калифорнија, Сан Диего, Ерик Коуршејн во вчерашниот број на New England Journal of Medicine.
Кортексот е тенок слој ткиво кој се наоѓа на површината на мозокот. Кортексот игра важна улога во секоја функција- од основните функции како планирање на движење, на гестикулација, потег, смисла на информација од нашите очи и уши, како и понапредните функции како што е говорот и апстрактните мисли.
Ако се пресече кортексот и се погледне под микроскоп, ќе дознаеме дека тоа е една цврста архитектура, со 6 различни слоеви, секој создаден од одреден тип на неурони, со специфицирана шема на конекции и поврзувања со други неурони. Токму затоа кортексот е еден моќен и флексибилен компјутер.
Но, токму кортексот, нешто што е клучно за нашите функции е непостојан, односно нецелосен кај мозокот на децата со аутизам. Во студијата, испитувањето било извршено на посмртно мозочно ткиво од 22 деца кои починале на возраст од 2 и 15 години- половина од нив имале аутизам, половина од нив- не. Во 10 од 11-тте аутистични мозоци, тие пронашле набои и испрекинати делови на кортексот кои не ги следеле нормалните правила. Испрекинатите делови биле мали неколку милиметри, но во некои делови недостигал и по цел слој од кортексот. Ова јасно укажува на фактот дека одредени ќелии кои треба да бидат на тоа место, едноставно не постојат, па така научниците ги откриле абнормалностите во префронталниот кортекс – област која ни овозможува говор и когнитивна способност.
Сепак, оваа студија е само почеток. Истражувачите имале пристап само до мали делчиња од мозочното ткиво, но засега се уверени дека се на вистинскиот пат за да утврдат дека аутизмот воопшто не е предизвикан од било каков вид на вакцинација. Всушност, самите научници велат дека поверојатно е да станува збор за спонтана мутација на гените, нешто што беше кажано и во последните неколку години и од други истражувачи кои ја анализираат оваа состојба.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk