Необични употреби на секојдневни нешта

Повеќе... Ви го вратиле вашето DVD изгребано? Само употребете паста за заби и проблемот е решен. Можете да направите многу нешта со работите кои веќе ги имате дома, ќе заштедите пари, а и после можете и да се фалите со тоа колку трикови знаете.


toothpaste.jpgВи го вратиле вашето DVD изгребано? Само употребете паста за заби и проблемот е решен. Можете да направите многу нешта со работите кои веќе ги имате дома, ќе заштедите пари, а и после можете и да се фалите со тоа колку трикови знаете.

Еве неколку трикови кои можете да ги направите со паста за заби.

1. Отстранете ги чкртаниците
Местото на кое останале графитите направени со моливче или боичка, истријте ги со мека крпа на која ќе ставите паста за заби (не во гел), потоа измијте со топла вода.

2. Отстранете го мирисот од рацете
Ако не можете да ја отстранете миризбата од лук или кромид од рацете измијте ги со паста за заби.

3. Избелете ги патиките
Исполирајте ги со стара четка за заби и паста.

4. За гребаници на DVD
Помалите гребаници можат да се средат со паста за заби која не е во форма на гел на парче вата. Избришете го цедето во правец од центарот кон работ. На крај нежно исплакнете го со вода.

5. Разбистрете ги очилата за пливање
Избришете ги одвнатре со крпче на кое има паста, исплакнете и тие ќе гледаат кристално јасно.

Погледнете што друго можете да направите со лак за нокти, сол, креда и уште 13 други секојдневни нешта кои можете да ги употребите на 81 изненадувачки начини тука.

- Реклама -