Необични социјални мрежи

социјални мрежитраниците за социјално вмрежување во последниве години се главно собиралиште на младите, но и на постарите. Една од најпознатите такви страници е секако Facebook, на која се наоѓаат повеќе од 400 милиони корисници. Меѓутоа, постојат и некои помали, и по малку необични, социјални мрежи кои ги поврзуваат луѓето кои имаат малку необични вкусови, заеднички интереси, пасии, социјален статус, хоби… Еве дел од нив според изборот кој го направи веб страницата findtut.com.


youuniverseСтраниците за социјално вмрежување во последниве години се главно собиралиште на младите, но и на постарите. Една од најпознатите такви страници е секако Facebook, на која се наоѓаат повеќе од 400 милиони корисници. Меѓутоа, постојат и некои помали, и по малку необични, социјални мрежи кои ги поврзуваат луѓето кои имаат малку необични вкусови, заеднички интереси, пасии, социјален статус, хоби… Еве дел од нив според изборот кој го направи веб страницата findtut.com.

Goth Passion е социјална мрежа за сите оние кои веруваат во духови или тоа ги интересира. Тоа е страница на која се запознаваат луѓе со слични или исти убедувања и разменуваат знаења и искуства.

Youniverse е страница на која корисниците можат да ја одредат својата визуелна ДНК и да ја споредат со останатите. Визуелната ДНК се одредува врз основа на вашиот избор на фотографии.

StachePassions.com
е страница за запознавање на потенцијални партнери, а посебно е наменета на личности кои сакаат мустаќи.

Eons.com
е социјална мрежа наменета за личности родени помеѓу 1946 и 1964 година.

LineForHeaven.com е необична страница преку која луѓето можат да прават добри дела и така да собираат поени за во рајот.

MatchADream.com е всушност соновник. Корисниците можат да пребаруваат низ поимите и да ги толкуваат своите соништа.

Доколку се сметате себеси за интелектуалец, тогаш вистинската страница за вас е IntellectConnect.com.  Исто така, тука можете да најдете пријатели со исти интелектуални способности или сродна душа.

Divorce360.com е страница наменета на сите оние кои се разведени или планираат да се разведат. Тие тука можат да најдат утеха за скршеното срце.

RedKaraoke.com е страница наменета на сите љубители на музика. Доколку сакате да ги покажете своите вокални способности, тогаш би требало да станете член.

Ncludr.com е страница за социјално вмрежување на која секој на секого е пријател. За да станете член потребно е само да одговорите на три прашања.

VampireFreaks.com е страница наменета на личности кои се фасцинирани од Готик културата и метал бендови. На ова место корисниците можат да пронајдат секакви информации за сите метал бендови, а страницата брои повеќе од 2,2 милиони корисници.

- Реклама -