Необични начини на кои Coca-cola-та може да ви помогне

Една од состојките што се наоѓаат во Coca-cola-та е сода бикарбона, а станува збор за алкална супстанца  која може многу да ви помогне во чистењето како на просторот во кој живеете, така и на вашето тело и други предмети.

Ви откриваме неколку начини на кои овој пијалок може да ви помогне:

Исчистите ги тенџерињата и тавчињата

Дното на тенџерето по некое време станува црно и толку валкано што едноставно не може да се измие. Но, тука ќе ви помогне Coca-cola. Ставете од неа во тенџерето и нека отстои некое време. Потоа истријте со сунѓер.

2542753995_bd2d61d466_z

‘Рѓа на садовите

‘Рѓосаните предмети потопете ги во Coca-Cola и оставете ги цела ноќ. ‘Рѓата ќе попушти и значително полесно ќе може да ја отстраните со сунѓер.

Исчистете го тоалетот

coke_toilet_bowl_cleaner

Ве загрижува тврдокорниот каменец на дното на ВЦ школката што не можете да го изрибате ниту со четка? Ставете Coca-cola во школката и таа ќе си ја заврши својата работа.

Исчистете ги прозорите

Наместо стандардните средства за чистење, може да искористите Coca-cola за да ги исчистите прозорите.

myths12711Отстранете ги дамките од облеката

На дамката на облеката полијте малку Coca-cola и оставете ја да се впие. Дамката ќе ја смени бојата поради содата, но откако ќе ја исперете облеката во машина за алишта, дамката ќе исчезне.

Исчистете го мразот на шофершајбната

Ако ви се заледиле стаклата на автомобилот, Coca cola-та ќе ви се најде како одлично средство за одмрзнување.

Ублажување на болката

Нанесете Coca cola на местото каде што ве каснала пчела или комарец. Исто така, ако ве боли стомакот, испијте Coca cola – ќе ја изедначи Ph вредноста во вашиот стомак и привремено ќе ги ублажи грчевите.

Помага и при икањето

Ако почнете да икате, направете гаргара со Coca cola.

Отстранете ја гумата за џвакање од коса

gum_hair_580x

Нанесете Coca cola на праменот на кој ви се залепила гума за џвакање и оставете ја да отстои неколку минути. Со малку трпение полесно ќе ја отстраните цела.

- Реклама -