Аи Пиопи се наоѓа во подножјето на Доломитите во Италија, северно од Венеција. Пред 40 години, човек по име Бруно, на тоа место отворил ресторан. Како што бројот на гости растел, Бруно решил да направи еден вид на игралиште за децата што доаѓале во ресторанот. Меѓу првите реквизити што ги поставил било и панорамското тркало.
Денес, по 40 години, ресторанот е од споредна важност. Местото е претворено во тематски забавен парк, каков што не постои на друго место во светот. Имено, сите реквизити во паркот работат на принцип на енергијата создадена од самите оние што се возат на справата – најчесто преку педалирање. Нема никаков друг извор на енергија освен онаа што самите посетители ќе ја вложат. Со еден збор, вежбањето никогаш не било позабавно, ниту забавата била покорисна за здравјето на телото.
Погодувате, не е баш популарен и посетен, а чкрипењето на старите метални реквизити го прави дури и морничав. Сеедно, нам ни се чини како супер идеја и еден куп забава. Еве како изгледа тоа: