Последното нешто што би сакал еден тинејџер е да позира за семејна фотографија, но честопати помладите се принудени на тоа од страна на нивните родители и немаат друг избор.
Но генерација ,,Z’’ смисли нов начин како да бидат присутни на фотографијата а истовремено нивното лице да не се познава. Тоа го прават така што го покриваат носот на фотографиите.
Ова стана тренд кај голем дел од младите кои ги прекриваат носот и средината на лицето со раце за што помалку да се гледаат на фотографиите.
Семејната фотографија на боксерот Тајсон Фјури поттикна многу прашања на социјалните мрежи.На фотографијата, неговата ќерка Венецуела Фјури и нејзината братучетка Валентино на ист начин се сокрија од камерата.
Сопругата на Тајсон, Мишел Харис, чиј син исто така одбил да се најде на фотографијата доколку не може да го покрие лицето, по неколку неуспешни обиди да се фотографира, решила да провери зошто се однесува така.
Таа го прашала синот дали е се во ред и дали врсниците го малтретираат. На тоа нејзиниот син одговорил дека ќе биде мета на врсниците доколку мајката ја објави фотографијата без негова согласност. Тинејџерите во денешно време бараат меѓусебни засрамувачки фотографии од социјалните мрежи со цел да може да се зафркаваат.
Затоа, покривањето на нивните лица е потенцијален начин да се избегне задевањето.
– Како родители сакаме да доловиме сè. Нивниот прв чекор, секој заб, протезите и потоа ги објавуваме со гордост, не размислувајќи колку тоа може да биде штетно за нашите деца во нивните општествени групи – вели Харис.
Експертот за родителство Аманда Џенер го припишува овој тренд на периодот на растење каде тинејџерите не го прифаќаат нивниот изглед.
– Важно е да се запамети дека оваа фаза е нормален дел од растењето, при што се бара независност и се воспоставуваат лични граници. Ова се клучните развојни пресвртници – вели таа.
Извор: What is ‘nose cover’ — and why are Gen Zers doing it in family photos? (nypost.com)