Според најновата анкета, спроведена од компанијата Sharp Bedrooms, големиот број на фотографии на друштвените мрежи доведуваат до тоа и нашата најнова облека да ни делува старо и неупотребливо. Особено кај жените.
Резултатите од анкетата велат дека жените во просек поседуваат околу 107 парчиња облека, но и покрај тоа, секојдневно може да се чуе познатото „немам што да облечам“.
Просечната жена смета дека 36 проценти од нејзината облека не е за носење, иако 15 проценти од парчињата воопшто не се облечени.
67 проценти од жените го сметаат како трауматичен процесот на избирање на облека за посебни пригоди, а 64 проценти од нив велат дека секогаш купуваат нешто ново.
Една од пет жени признава дека редовно се кара со сопругот или партнерот поради немање доволно облека. Од нив, 36 проценти редовно купуваат нови парчиња, а потоа ги кријат.