Затворањето на Владата на САД по неуспехот да се донесе Буџетот за наредната година, сериозно ќе ги закочи новитетите во мобилната индустрија бидејќи Федералната комисија за комуникации исто така нема да работи, се до надминување на институционалната криза.
Тоа значи дека нема да бидат одобрени навременo новите смартфони кои веќе имаат и определно датуми за презентација пред јавноста. Во соопштението на Федералната комисија за комуникации стои дека нема да се работи на одобрување на телекомуникаскa опрема во наредниот период, а владиното тело ќе се фокусира само на неопходните активности во одредени области.
Политичката криза во САД настана поради законскиот предлог на претседателот Барак Обама за задолжителното здравствено осигурување кое ја подели и јавноста и политичките претставници во Конгресот. Како резултат на блокирањето на владата ставено е под знак прашање промовирањето на смартфони како Nokia Lumia 1520 и Nexus 5.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk