Машкото списание “Плејбој” соопшти дека ќе престане да објавува фотографии на голи жени, пренесуваат светските агенции.
Весникот ќе продолжи да објавува фотографии на жени во провокативни пози, но тие ќе бидат облечени.
Директорот на “Плејбој” Скот Фландерс објаснува дека списанието бара нова форма која ќе се разликува од порнографските сајтови што ги пренесуваат бесплатно преку интернет “сите можни сексуални акти”.
“Голотијата веќе е демоде”, вели тој.
Одлуката е донесена по состанокот помеѓу Фландерс и издавачот на списанието Хју Хефнер.
По подемот на порнографска индустрија списанието, кое во 1975 година е продавано во 5,6 милиони примероци, сега успева да пласира едвај 800 000 парчиња. Со укинувањето на голите фотографии списанието се надева и дека ќе може да прикажува барем дел од содржината на социјалните мрежи.