Сите предмети за легализација на дивоградбите поднесени до 31.12.2018 година се во процедура и се работат. Со новиот Закон, кој во моментот е во подготовка, нема повеќе да има легализација за едно евро за квадрат, туку комуналиите ќе се плаќаат во целосен износ, а предвидена е и казна.
Кога веќе некој не го легализирал, а Законот претходно му го дал тоа како можност, тогаш следната легализација ќе биде 150 %. Ако комуналиите се 6000 денари или 3000 денари, тогаш наместо 3000 денари ќе треба да плати 4500 денари-изјави Зоран Заев, премиер на Влада.
Казната е од причина што не може некој да плаќа за легално да гради, а друг да гради на диво, појасни Заев, но додаде дека нема да се рушат веќе изградените објекти, зашто Македонија не е толку богата за да уништува материјални добра. Законот е работен во соработка со ЗЕЛС, а со цел изнаоѓање на правен статус на објектите кои не можат да се легализираат согласно постојното законско решение.
Две опции се, или правниот статус да се реши или тие треба да бидат секаде срушени. Апсолутно мислам, според проценките и на Владата и на ЗЕЛС е дека ние изнајдуваме можност како овие објекти да бидат решени- изјави Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.
УНЕСКО ќе биде надвор од Законот, за да нема сомнеж дека се сака да се направат манипулации, а опфатени се и лицата со социјален ризик и нелегално поставената подземната инфраструктура.
Трајан Ристовски