Нема поциција од златар

Ако и ти го мислиш истото, многу се заебуваш. Прати:

Жена со своите две деца влегува во златара и му дава прстен на проценка на златарот, кој (за некои ропаци ова е битна информација) е Арап од Сирија што живее во Далас. Златаров гледа дека прстенов е добар и ја прашува жената зошто сака да го продаде.

– Шворц сум, а ќе земам плата дури другиот месец.

Златаров става специјалните очила и му прави проценка. Пак ја прашува:

– Тоа ли е единствената причина зошто сакаш да го продадеш?

– Па, всушност е подарок од мајка ми… Ама имам проблем и ми требаат пари.

– Колку ти требаат?

– Па, колку и да вреди прстенот, би ми помогнало.

Златаров вади парите, брои едно туце и ѝ ги дава на жената. Па ѝ го дава и прстенот.

– Еве, земи го. Рече дека е подарок.

И тука настапува општа неверица, па солзи, па благодарности, па гушкање. Нели е убаво бе?

https://youtu.be/XTvvV4YhkH8

- Реклама -