Нема одмор: Неделата ни е најстресниот ден

Чистењето на куќата, перењето и пеглањето – најчесто поради густиот распоред „паѓаат“ во недела, а расправиите околку ручекот, нервозите поради работа и недостатокот од одмор, предизвикуваат голем стрес. 
Третина од луѓето признаваат дека најмногу работа имаат во недела, а речиси 51 процент сметаат дека последниот ден од неделата е предвиден за се што не сте успеале да завршите во текот на седмицата. Ова се резултатите од едно истражување спроведено врз 2.000 луѓе.

dom0

Најмногу време се троши на чистење на куќата, перење и пеглање, а расправиите околку ручекот со фамилијата и нервозата поради работата ја прават неделата најстресниот ден.

Распоредот ни е до толку пренатрупан, што не можеме да најдеме време да прочитаме весник, а најмалку да одмориме. Речиси 67 отсто од испитаниците признале дека недалата е депресивна и од помислата дека завршил викендот.

– Неделниот блуз го расипува расположението кај голем број на луѓе, па не е ни чудно што последниот ден во неделата предизвикува таков стрес, истакнува Клер Лејкок, една од авторите на студијата.

- Реклама -