Неодамна славниот актер Џони Деп се појави на филмскиот фестивал во Венеција заедно со неговата сопруга Амбер Херд, но тоа што најмногу не изненади е неговиот нов изглед. Сите го памтиме како најголем заводник во Холивуд, но изгледа дека на се има крај. Неговиот изглед не остави позитивен впечаток врз своите фанови.
Тој сега личи на средовековен човек, кој се мачи со своите килограми. Но најмногу што ни остави впечаток се неговите златни заби.
Во последниот период се шират гласини, дека познатиот актер се вратил на своите стари пороци, што беше очигледно минатата година кога се појави пијан на Холивудските Филмски Награди.