Пет минијатурни островски државички најверојатно ќе ја доживеат судбината на митската Атлантида, благодарение на драматичните климатски промени на Земјата и се стравува дека ќе ги проголта океанот заради топењето на сантите и глечерите со што нивото катастрофално ќе порасне.
Пет минијатурни островски државички најверојатно ќе ја доживеат судбината на митската Атлантида, благодарение на драматичните климатски промени на Земјата и се стравува дека ќе ги проголта океанот заради топењето на сантите и глечерите со што нивото катастрофално ќе порасне.
И додека светот нагодува како да се справи со климатските промени, за жителите на некои подрачја на нашава планета времето неповратно истекува. Властите и инвеститорите на Флорида се припремаат да им се спротивстават на брановите кои ќе ги предизвика зголеменото ниво на океанот со повлекување на куќите и јавните установи длабоко во копното или нивно поставување на столбови. Меѓутоа, има острови чии жители немаат каде да се повлекуваат и свесни се дека и самите куќи ќе им станат острови, затоа што водата ќе ги заокружи од сите страни. Еве пет острови според статистиката на магазинот New Scientist, чии жители мора брзо да се погрижат и да си најдат ново сместување.
2. Тувалу е полинезиска островска нација, лоцирана во Тихиот Океан на пола пат помеѓу Хаваи и Австралија, јужно од Екваторот и во близина на Кирибати. Таа е уште една мала островска држава со ниска нмв. Највисоката точка и е 5м, и би можела да изчезне до средината на овој век. Владата на оваа минијатурна држава на Пацификот во 2002 година ангажирала две познати меѓународни адвокатски канцеларии кои треба да ги тужат сите земји кои ја загадуваат нашата планета и и’ се закануваат со "погубување" на нејзините жители.
3. Република Кирибати е островска држава во средишниот дел на Тихи Океан. Се состои од 33 атоли со највисоката точка на земјиштето на архипелагот од 6.5м над океанот. Светската банка е ангажирана за проценка на изложеноста на Кирибати на драматичните климатски промени. Значајно е што овде водата полека го освојува брегот и се шири кон внатреноста на островите, а солта од океанот ги уништува кокосовите палми и плантажите со тропско овошје.
4. Жителите на Картеровите острови кои се во состав на Папуа – Нова Гвинеја, по се изгледа дека први тргнале да бегаат затоа што нивните домови се на само 1.2м над брановите. Владата на Папуа – Нова Гвинеја во 2005 година усвоила план за евакуација на локалното население на блискиот островот Буганвил. Преселбата започнала во 2007 година, но набрзо прекината и одложена. Според некои извештаи на почетокот на оваа година започнал и судски спор меѓу староседелците и бегалците на Буганвил, затоа што новодојдените биле приморани, како евтина работна сила, да работат на кокосовите плантажи.