Неколку работи кои можете да ги направите со видеата од YouTube

Повеќе... Има повеќе сајтови на кои можете да гледате и да поставувате видеа, но има причина зошто YouTube е најпопуларен таков сервис. Покрај екстремно големата база на корисници, постојат и многу алатки на располагање кои одат заедно со овој видео сервис. Еве неколку од нив.


Има повеќе сајтови на кои можете да гледате и да поставувате видеа, но има причина зошто YouTube е најпопуларен таков сервис. Покрај екстремно големата база на корисници, постојат и многу алатки на располагање кои одат заедно со овој видео сервис. Еве неколку од нив.

listentoyoutube.png

Доколку сте заинтересирани само за аудиото на некое YouTube видео и сакате брзо да го рипувате, тоа можете да го направите преку ListenToYouTube. Внесете го URL-то на видеото од кое сакате да го преземете звукот или песната и потоа можете да ги даунлоадирате на вашиот компјутер како MP3 фајл.

Направете си рингтон
madringtones.png
Со MadRingtones можете брзо и лесно да направите рингтонови од YouTube видеа: го внесувате URL-то од видеото или MP3 фајлот и потоа кликате на Load. Можете да одредите кога ќе биде почетокот/крајот на тонот и потоа да го даунлоадирате на вашиот компјутер како MP3, AMR, OGG или M4R фајл.

Исечете го само интересниот дел

choputools.png
Сакате да го покажете некому само делот од видеото кога започнува вистинската акција да речеме од 3-та минута и 22 секунда? Се што треба да направите е да додадете #t=03m22s (#t=XXmYYs, XX се минутите, а YY секундите) на крајот од URL-то од видеото. Или можете истото да го направите на TubeChop и Splicd. И двете веб страници овозможуваат преку внесеното URL на видеото да го задржите само делот кој ве интересира, а останатото да го исечете. Потоа можете да го поставите „исеченото“ видео на вашиот блог/веб страница или да го споделите со пријателите.
Ова е едноставен онлајн аларм кој ве разбудува со YouTube видео по ваш избор. Наместете го времето и изберете го видеото кое го сакате. Не е потребно регистрирање.

Додадете превод
Ако некогаш посакате да додадете превод на некое видео на YouTube тоа можете да го направите преку веб сервисот Subyo. Пред да започнете ќе треба да се регистрирате и да отворите сметка. Следното нешто е да го внесете URL-то во одреденото поле и да кликнете на „Add Subtitles“. Видеото ќе се аплоадира во Subyo едиторот каде можете да започнете да го додавате преводот.

Направете ремикс
ytdub.png
Со помош на YtDub  можете да правите измиксате едно видео со аудиото на некое друго видео од YouTube. Функционира едноставно, само внесете го ID-то на видеото кое сакате да го миксате и од видеото чие аудио ќе го искористите како позадина, кликнете „Dubbo“ и ќе добиете линк кон вашиот ремикс.


Како да преземате видеа од YouTube
YouTube им дозволува на своите корисници да поставуваат и да споделуваат видеа, меѓутоа не нуди и начин за нивно преземање. Меѓутоа, постојат многу други сервиси кои го овозможуваат тоа. Еве неколку од наједноставните за користење.
kiss-youtube.jpg
Add a Kiss – ако го додадете зборот „kiss“ на URL-то на видеото кое сакате да го преземете, ќе бидете пренасочени кон веб страница каде можете да го направите тоа. На пр. доколку URL-то е http://www.youtube.com/watch?v=dMH0bHeiRNg заменете го со  http://www.kissyoutube.com/watch?v=dMH0bHeiRNg. Кога ќе кликнете ентер ќе бидете пренасочени на веб страницата каде ќе можете да го преземете во .flv формат или да го конвертирате во некој друг формат.
На YouTube Catcher доволно е само да го внесете линкот и да го преземете видеото, а на истиот принцип функционираат и Keepvid.com  и Tube Leecher  кои се многу едноставни за користење. За повеќе начини како да преземате YouTube видеа погледнете тука.

- Реклама -