Неколку лица се повредени од вкупно 20-те патници од трите возила што учествуваа во сообраќајната незгода која попладнево се случи во атарот на битолското село Кравари.
Како што потврдија од СВР-Битола за МИА, сообраќајката се случила на „Краварски пат” во 14.40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа, а учествувале три моторни возила – комбе, патничко возило и товарно возило.
По сообраќајката, лекарска помош во Битолската клиничка болница помош побарале 20 лица. Кај 14 лица се констатирани лесни, а кај шест потешки повреди. Бидејќи кај ниту едно лице не се констатирани тешки телесни повреди, ниту еден од повредените не е хоспитализиран, односно не се задржани лица на болничко лекување.
„Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници“, известија од СВР-Битола.
Извор: МИА