Алармите се вклучени веќе одамна, ама некоја посериозна промена се уште не се случува. Во меѓувреме, на следните и слични на нив статистики и податоци им е овозможено да (о)станат реалност. Според податоците на National Geograpic, еве во каква ситуација се наоѓаме:
1. 6 милијарди килограми отпад се фрла во океаните секоја година. Поголем дел од отпадот е пластика.
2. Жителите на САД претставуваат само 5 проценти од вкупната светска популација, ама користат 25% од светските ресурси и се заслужни за дури 30% од вкупниот глобален отпад.
3. Заради човечкиот удел во загадувањето на животната средина, намалена е просечната должина на пенисот кај поларните мечки.
4. На секои милион тони нафта што се испорачуваат по воден пат (танкери), еден тон се излива во таа вода.
5. Речиси третина од смогот во Сан Франциско, САД, доаѓа од Кина.
6. На секои 8 секунди, едно дете во светот умира како последица на труење со контаминирана вода.
7. Да дишите од воздухот на Пекинг, Кина, е исто толку ризично колку што и да пушите по 21 цигара дневно.
8. 1 од 8 смртни случаи на планетата е поврзан со загадувањето на воздухот.
9. Дури 3.4 милиони луѓе умираат годишно како последица на лоша вода.
10. Речиси 700 милиони Кинези пијат загадена вода.
11. Целодневно вдишување на воздухот во Мумбаи, Индија, е еднакво на пушење на 100 цигари.
12. Езерото Карачај во Русија е најрадиоактивното и најзагадено езеро на светот.
13. Само во 2012-та, човештвото произведе преку 49 милиони тони електронски отпад.
14. Над илјада морски животни умираат како последица на голтање на пластични ќеси (бидејќи личат на медузи).
15. Американците фрлаат 2.5 милиони пластични шишиња на час. За секое од нив се потребни 500 години за да се разгради.
16. Кинескиот ѕид не е видлив од вселената. Кинескиот загаден воздух – е.
17. Рибите во загадените езера го губат сетилото за мирис.