Неколку начини да го направите вашиот компјутер побрз

Не сте задоволни од брзината со која што работи вашиот компјутер?

Не е потребно да го замените,  можете само да го направите побрз. The Telegraph нуди девет совети како да го постигнеме тоа.

1. Избришете ги некористените програми

Новите компјутери обично се продаваат со неколку претходно инсталирани програми, од кои повеќето веројатно никогаш нема да ги користите, а најверојатно дури и не знаете дека постојат. Некои од овие програми работат во позадина кога го полните вашиот компјутер, па дури и тогаш кога не ги користите.

Значи, ако сакате брз компјутер морате да ги избришете сите програми, од кои што немате потреба и резултатот веднаш ќе излезе на виделина. За целта можете да користите програма како PC Decrapifier, која е специјализирана во локализирањето и отстранувањето на секакви видови промотивни или пробни верзии на софтвер кои често ги има на компјутерите.

2. Автоматски бришете ги привремените датотеки

Привремените датотеки се акумулираат во компјутерот како резултат на секојдневните задачи кои ги вршиме и можат да ја забават работата на компјутерот. Затоа е подобро да се ослободите од овие датотеки, вклучувајќи ја и вашата интернет историја. Откако ќе ослободите простор на дискот, брзината на работата на вашиот компјутер ќе се подигне.

3. Инсталирајте SSD

Хард дискови се најголемата причина за доцнењето на брзината на вашиот компјутер. Иако не се евтини, инсталирајте SSD.

4. Забрзајте го времето за полнење на вашиот компјутер

Ако може да се направи цел бокал кафе додека вашиот компјутер се полни, време е да направите некои промени. Најверојатно компјутерот е успорен, поради десетиците програми кои се заробени за време на лансирањето на вашата машина, и кои го успоруваат полнењето на оперативниот систем. Преземете инструмент како Autoruns, со кој лесно може да се оневозможат некои програми за време на подигнувањето на компјутерот или обидете се со вградената програма за Windows MSConfig. За да ја најдете, одете на “Search” од менито Start и внесете ја командата “msconfig”. Под “Startup” одштиклирајте до програмите од кои немате потреба секој пат кога вашиот компјутер се полни.

computer-virus

5. Повеќе RAM

Најефективен начин да се забрза вашиот компјутер – кој исто така бара малку техничарски вештини – е да додадете повеќе RAM. Можете да најдете 4 GB меморија за помалку од $ 50 на интернет. Ако имате помалку од 2 GB (за да дознаете колку е меморијата на вашиот компјутер мора да одите на My Computer> Properties), надградба е задолжителна.

6. Дефрегмантација

Звучи комплицирано, но е императив за максимална ефикасност. Одете на ‘My Computer’, кликнете со десното копче на хард дискот и изберете ‘Properties’. Под ‘Tools’ изберете ја опцијата ‘Defragment Now’.

7. Исчистете го дискот

Windows има вграден инструмент наречен ‘Disk Cleanup’, кој бара преку системот за непотребни големи датотеки, како привремените интернет датотеки, програмски датотеки, и така натаму. Отворете ‘Disk Cleanup’ кликнете на Start> All Programs> Accessories> System Tools> Disk Cleanup.

8. Исчистете го правот од вашиот компјутер

Прашината е непријател на вашиот компјутер. Таа може да го спречи протокот на воздух, кој е од витално значење за одржување на температурата на компјутерот и ако компјутерот ви прегрее, тоа ќе влијае на ефикасноста да се справи со различни задачи.

9. Зајакнување на местото за складирање на хард дискот

Дури и редовно да ги бришете сите ваши привремени датотеки, ако хард дискот ви е 85% завршен, тоа ќе влијае на брзината на вашиот компјутер.

- Реклама -