Агата Кристи е можеби најзначајната авторка во историјата на криминалниот жанр.
Ви претставуваме неколку нејзини цитати објавени на goodreads.com.
„Археологот е најдобар сопруг за една жена. Колку е таа постара, толку тој е позаинтересиран за неа.“
„Ако ја ставиш главата во устата на лавот, не треба да се жалиш, во случај да ти ја откине еден ден .“
„Убавината е единственото нешто поради кое што вреди да се живее.“
„Времето е најдобар убиец.“
„Секоја жена може да измами еден маж, ако сака и ако тој е заљубен во неа.“
„За да напредуваш треба да започнеш“.
„Најдоброто време да планирате пишување на книга е додека ги миете чиниите.“
„Една од најдобрите работи кои можат да ви се случат во животот, е да имате среќно детство.“
„Човекот не може да ги препознае навистина најважните моменти во животот, додека не стане предоцна.“
„Сигурно за сè што сакаме, треба да платиме некоја цена.“
„Никогаш не правете нешто за себе што другите може да го направат за вас.“