На ист ден кога пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изразија револт од, како што велат, „зенитот на лицемepието“ од страна на Христијан Мицкоски и побараа негова оставка, пратеничката Елизабета Канческа-Милевска, која е дел од седуммината „Независни“ (беа осум пред да ги напушти Рамчиловиќ), во изјава за „Вечер“ рече дека ниту била известена, ниту консултирана, ниту се сложува дека Мицкоски направил лош чекор со тоа што најави иницијатива за ратификација на протоколот за членство во НАТО пред да се распушти Собранието, со што би имал одложено дејство, односно кога ќе биде усвоен и во шпанскиот парламент.
За Канческа-Милевска, според кажаното за „Вечер“, иницијативата на Мицкоски е само уште еден чекор поблизу до круцијалната цел. Сепак, според извори од Независната пратеничка група за „Локално“, произлегува дека Канческа-Милевска или ја лaжe јавноста, или ги излажала нив.
Имено, како што објави порталот, извори од групата тврдат дека одлуката за денешната прес-конференција била донесена вчера, заеднички. Наводно, Канческа-Милевска се согласила со изнесениот став, а единствена нејзина „забелешка“ била дека денеска ќе отсуствува од Собранието во моментот на одржување на прес-конференцијата…