Научниците во текот на бројни студии утврдиле дека биолошката и хронолошката старост можат да се разликуваат од 30 до 60 години.
Колку пати погрешно сте процениле некоја личност и сте и додале уште некоја година повеќе или сте ја подмладиле?
Истражувањата веќе покажаа дека кај некои луѓе биолошкото стареење се одвива дури три пати побрзо.
Американските научници кои го спроведоа ова истражување врз група од 38-годишни луѓе , откриле дека секој од нив има поинаква „биолошка старост“ – од 28 до 61 година.
Експертите направиле 18 тестови, за да ја одредат брзината на стареење – контрола на бубрези, црн дроб, бели дробови и имун систем, како и брзина на метаболизам, холестерол, срце и должина на теломер – заштитни капи од краевите на хромозомите.
Студијата опфатила 871 испитаници кај кои биомаркерите се мереле кога имале 26, 32 и 38 години.
Иако биолошката старост се поклопува со хронолошките години, некои се постари за трипати, додека некои други воопшто не старееле во тој осумгодишен период.
Научниците напишале дека дури и пред средовечните години, некои поединци кои старееле брзо биле „физички помалку способни и покажувале знаци за когнитивно пропаѓање и стареење на мозокот.“
Исто така, го оценувале и своето здравје како полошо и се жалеле на тоа што изгледаат постаро.
Меѓутоа, тие истакнале дека стареењето зависи од генетиката, бидејќи во истражувањето, дури и близнаците старееле со различно темпо.
„Тоа ни дава надеж дека медицината можеби ќе успее да го успори стареењето и да им овозможи на луѓето поздрави и поактивни години“, вели еден од авторите, професор Тери Мофит, истражувач од Дјук Универизтетот.