Познатата „Birkin“ чанта на модната куќа „Hermes“, која е најпозната поради нејзината висока цела и листата на чекање за истата, веќе и не е така посакувана меѓу понежниот пол.
Се почесто се случува жените кои за неа платиле и повеќе од 20.000 долари, да го вратат својот примерок поради непријатниот мирис, поточно, мирисот на марихуана.
Имено, по извесно време кожата започнува да мириса на запалена „трева“, мирис кој се шири уште повеќе кога температурите се високи. Ако чантата ја оставите во автомобилот или изложена на сонце, мирисот е неизбежен.
Продавниците ширум Америка се принудени да ги вратат парите на незадоволните купувачи кои се пожалиле дека нивните чанти „смрдат“.
„Чантите ќе ги вратиме во Париз бидејќи веќе не можеме да се носиме со ваквите непријатности“, изјавил еден од продавачите.
Се чини дека овој проблем постои кај чантите произведени во периодот од 2013 и 2014 година. Миризбата единствено не се чувствува кај чантите од крокодилска кожа кои се продаваат по неверојатна цена од 60.000 долари.