Фитнес инструкторката и промотерка на здравиот начин на живот Џенифер Никол Ли (40) секој ден изгледа сè постегнато.
Кога ќе ги погледнете нејзините слики во бикини, тешко дека ќе поверувате дека некогаш се борела со својата тежина. По породувањето, додека се грижела за двете деца, Џенифер во еден момент имала и над 100 килограми.
Вака изгледа денес.
Теретана, кардио вежби и здравата исхрана направиле оваа мајка на две деца да изгледа подобро од некои тинејџерки.
Денес Џенифер дели совети преку своите книги и ги мотивира девојките да живеат здраво.
Сликите од денот на плажа во Мајами се мотивација за секоја девојка и потсетник дека летото наскоро доаѓа.