Нека им е вечно името на Дарт и Калиси

Верувале или не, името Дарт Вејдер е меѓу илјадниците најчести имиња во Америка.

Анакин, кое е оригиналното име на популарниот Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“, е едно од 1.000 најчести имиња кои им биле дадени на бебињата во Америка, тврдат од Социјалната сигурносна администрација.

На официјалната листа на организацијата се гледа дека голем број на родители го крстиле своето дете според ликот од познатата франшиза.

Името Анакин во 2014 година, било на 957 место на листата на најпопуларните имиња за момчиња. Дури 218 бебиња лани го добиле роденото име на филмскиот херој.

Сепак, и Лук е меѓу најчестите имиња ( Лук Скајвокер) – ова име се наоѓа на 28-то место и со него се закитија 10.431 бебиња лани.

Забележано е и дека се зголемил бројот на семејствата – фанови на „Игра на престоли“, а дури 368 новородени девојчиња го добија името Калиси.

- Реклама -