Нејзиното височество „Сарма“

Од сликите по ѕидовите во Помпеја, па сè до милионите #foodporn постови на Инста, храната зазема многу битно место во секојдневниот живот на човекот.

Без храна, нема живот.

Самиот процес на подготовка и аранжирање на храната е еден вид уметност кој ја дефинира културата на некое друштво, но и целокупното човештво. Готвењето, печењето, пржењето, ферментирањето, и другите кулинарски техники се уште една битна алка која луѓето ги разликува од останатите битија на планетава.

Погледнете ја само оваа сарма. Од една страна ова е само сарма, Од друга страна пак, цивилизациско достигнување.

sarma2

Овој величествен призор кој го гледате пред вас е највисокиот дострел во човештвото за кој сме заслужни НИЕ, Македонците. За овој скромен, но волшебен придонес за светот треба да бидеме горди, но и да ја почиуваме отоманската историја од која ги наследивме древните техники за уметноста наречена „виткање на лист од зелка“.

Иако сармата може да се завитка и со лист од винова лоза, листот од зелка е апсолутно неприкосновена гурманска варијанта. Познатото комбо кисела зелка, мелено месо, ориз, кромид и зачини се спојуваат во неверојатно единствен вкус.

Мрсна или посна, сармата го зазема централното место на сите македонски веселби, од родендени до слави.

- Реклама -