Книгата „Girl Online“ на младата авторка Зои Суг во првата недела е продадена во повеќе од 78.000 примероци.
Зои Суг (Zoella) станала интернет сензација благодарение на YouTube каналот на кој секојдневно дава совети за мода и шминка на тинејџерите ширум светот, а секое нејзино видео има над милион прегледи. Има повеќе од шест милиони следбеници, оние кои редовно ја следат. А славната симпатична девојка станала уште поголема сензација.
Нејзината книга „Girl Online“ станала најпродавана книга за 2014 година, бидејќи во првата недела е продедена во повеќе од 78.000 примероци. Со тоа стана најдобро продавана авторка во Велика Британија, со што ја надмина и познатата Џ.К. Роулинг.
Книгата, исто така, го надмина и познатиот ероткси роман „Педесет нијанси на сива“, но и големиот хит на Ден Браун „Кодот на ДаВинчи“.
„Тоа е навистина прекрасно чувство. Многу сум им благодарна на сите кои купија примерок од мојата книга“, рекла Суг.
„Girl Online“ е книга која го следи животот на петнаесетгодишната Пени, девојка која на својот блог пишува за своите чувства, пријателства, сопствената тешкотија и љубовта кој поп-ѕвездите, а преведена е на дури 25 јазици. Нејзиниот приватен живот бил голема инспирација за пишување на оваа книга.
Признава дека за тоа многу научила од кога почнала да ги снима своите совети на YouTube, но тоа довело и до некои негативни последици. Бидејќи практично својот живот го живее на интернет, Зои вели дека страда од анксиозност. Понекогаш има потреба да се сокрие од сите. Но, тврди дека публиката тоа го разбира и дека само треба да им каже: „Сега неколку дека нема ништо да објавувам бидејќи мора да се одморам.“
Многумина ги обожаваат нејзините совети, прекрасниот карактер и веселата насмевка- уверете се и самите!