Нефрологија ја полнат пациенти со Ковид-19 на кои нагло им откажуваат бубрезите

Во последните 20-тина денови, на Клиниката за нефрологија сѐ повеќе расте бројот на пациенти со ковид-19 на кои нагло им откажуваат бубрезите. Ова не било случај во претходниот период од март до почетокот на септември, вели директорката на Клиниката – д-р Ирена Бушлетиќ, за „Плусинфо“.

Како што истакнува таа, во моментот се следи состојбата и се прават анализи за да се утврди дали трендот е коинциденција, или ако не е – на што се должи оваа појава.

„Повеќето случаи имаат акутно бубрежно оштетување. Кај еден дел помага дијализата, а друг дел пациенти поминуваат и без дијализа“, вели Бушлетиќ.

И од Министерството за здравство потврдуваат дека е зголемен бројот на пациенти акутно влошување на бубрежната функција, а претходно не биле на хемодијализа, кај кои дополнителните испитувања покажале присуство на ковид-19 инфекција. Повеќе детали ТУКА.

 

- Реклама -