Нефи Усеини 30 години ќе ископува варовник во Климештани

„НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“ годинава добила концесија за експлоатација на варовник во локалитетот Климештани (село во Општина Дебарца) за период од 30 години, објави „Фокус“. Управител и косопственик на компанијата, заедно со албанскиот државјанин Албин Папа, е советникот од општинскиот совет на Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини.

Компанијата е формирана нецела година пред да биде донесена владината одлука за доделување на предметната концесија и речиси една година пред да биде објавен јавниот повик. Договорот, во име на Владата, односно Министерството за економија, го потпишал министерот Крешник Бектеши, откако „НЕФИ&А ИНВЕСТ ДОО“ била единствената која учествувала во постапката, со понуда во износ од 1.229.900 денари (околу 20.000 евра). Подетално ТУКА.

 

- Реклама -