Нефи нападнал професор во Охрид

Советникот Нефи Усеини натепал професор од Универзитетот на Југоисточна европа, Илјаз Илјази. Физичката пресметка се случила утрово, а од МВР за „А1он“ потврдуваат дека Усеини е викнат во станица каде дал исказ, по што ќе му се поднесе соодветна пријава.

Усеини и Илјази не се познавале и прв пат се сретнале утрово. Причината за нападот е поради див приклучок на водоводната мрежа каде е поврзана зградата, чиј претседател на куќниот совет е Илјази.

Во неколку месеци, ова е трет напад во кој учествува Усеини. Тој во април нападна инспектор од Скопје, кој сакал да изврши надзор на дивоградбата која ја гради советникот во Општина Охрид. Во јуни пак, Усеини го натепа неговиот колега од советот, Џелал Мена.

Усеини и во минатото бил осуден за кривично дело насилство. Судот еднаш изрекол условна казна, а откако Усеини го повторил делото, тој добил два пати казна затвор од по неколку месеци.

оветникот е познат и по двете дивоградби кои ги изгради во Охрид, објектот кај Чинарот и бетонската база на стариот пат Охрид-Струга.

- Реклама -