Од 9 до 14 април во италијанската престолнина на модата – Милано ќе биде отворена меѓународната изложба Salone Del Mobile на која ќе бидат претставени околу 1 400 нови дизајнерски парчиња мебел и аксесоари за домот.
На површина од 150 000 метри квадратни своите дизајнерски остварувања ќе ги претстават Versace, Blumarine, Missoni, Kenzo и други.
Се очекуваат повеќе од 300 илјади посетители од повеќе од 160 држави.
Ваквиот вид на изложби е еден од најпрофитабилните начини на развивање на туризмот во Италија. Според истражувањата, вкупниот доход од една изложба изнесува околу 200 милиони евра само за регионот Ломбардија.
Погледнете дел од декоративниот мебел на светски познатите брендови!
Blumarine
Bottega Veneta
Diesel
Hermes
Kenzo