Ако се чувствувате како робот со натежнати нозе секој пат кога се упатувате кон подиумот, нека не ви претставува тоа препрека, советува Science Alert.
За вашата неможност да танцувате постои научно објаснување. За ова сугерира новото истражување, според кое дел од луѓето се „глуви за ритамот” или со други зборови едноставно не можат да се движат во ритамот на музиката.
До овој заклучок дошле научниците од канадските универзитети Мекгил и Универзитетот на Монтреал, кои споредуваат две лица, сметани за „глуви за ритам“, со други 32 учесници. Сите тие требало да тропаат рамномерно со ногата без никаков звук и сите биле одлични, што значи дека не може да се работи за проблем со координацијата и моторниот систем. Кога сепак била додадена музика, двајцата со „ритам на глувост” не успеале воопшто да се синхронизираат со ритамот и промените во него.
Научниците заклучиле дека слична состојба е прилично ретка, но инаку сосема реално и влијае на начинот на кој внатрешниот биолошки ритам на телото реагира на промени во знаците од животната средина.