Не постои нешто како „женска интуиција“

 

Британските научници докажаа дека женската интуиција е само мит. Според специјалистите и кај жените и кај мажите интуицијата е подеднакво развиена.

Имено, научниците спроведоа експеримент во кој вклучија 15 000 луѓе, а повеќето од нив се изјасниле дека имаат добра интуиција.

Учесниците требало да разгледаат фотографии од луѓе што се смеат и да посочат чија насмевка е вистинска. Речиси сите одговори, од двата пола , биле  идентични.

Освен тоа, научниците сметаат дека терминот е исто така неточен и е подобро тој да биде заменет од терминот „животно искуство”. Токму од овој параметар зависи колку еден човек е во состојба да го анализира она што се случува и да донесе соодветни заклучоци.

- Реклама -