Нé посетуваат повеќе НЛО-а од било кога во историјата?

Според новите статистики, вонземјаните – под претпоставка дека се вонземјани, и под претпоставка дека нé посетуваат – нé посетуваат повеќе од било кога. Најчесто се забележани во САД.

Заклучокот се базира на податоците собрани од Сем Монфорт – докторант на Human Factors and Applied Cognition на универзитетот „Џорџ Мејсон“. Монфорт ги објави своите наоди на неговиот блог, користејќи информации од американскиот Национален центар за пријавување на НЛО (National UFO Reporting Center a.k.a. NUFORC) – организација која ги документира случаите во кои е забележано НЛО.

Според извештајот на Монфорт, НЛО-ата се појавуваат сé почесто – со 104.947 документирани глетки во последните 100+ години.

Првото документирано забележување на НЛО датира од Портланд, од 1905 година, кога очевидците пријавиле сферично НЛО што зуело и се симнало од небото. „Глетките“ драматично зачестуваат во последните 30+ години: бројот на забележани НЛО-а скока од 5.000 во 1980-тата, до 45.000 во 2010 година.

Но информациите на Монфорт покажуваат и нешто друго. Од нов се гледа дека феноменот со НЛО-а е речиси исклучиво американски тренд. Во САД колективно се пријавуваат по околу 2.500 „глетки“ на секои 10 милиони луѓе (САД имаат околу 320 милиони жители). Тоа е за 300 пати повеќе отколку глобалниот просек.

Имајќи го тоа на ум, се наметнуваат низа прашања. Зошто Американците се толку опседнати со НЛО? Или, зошто вонземјаните ја посетуваат Америка 300 пати почесто од остатокот од светот? Монфорт смета ова првото има некаква врска со интернет конекцијата. Големата стапка на интернет поврзаност на Америка би можела да е заслужна за големиот број на пријавени „глетки“ во САД. „Сепак, морате да имате Интернет за да испратите пријава“, вели Монфорт.

- Реклама -