Жељко и Јована неодамна го добија синот Коста, а сега пејачот откри што му е најтешко откако доби бебе.
Јоксимовиќ призна дека поради синот Коста, тој и неговата сопруга Јована малку спијат, но тоа го опишува како слатки маки.
– Љубов, нежност и среќа го исполнуваат нашиот дом во секој момент. Уживаме и малку спиеме. Се обидуваме да воспоставиме ритам и засега ни трга од рака…понекогаш. И помагам на Јована секогаш и е тоа потребно. Тоа е природна и прекрасна обврска. Се обидувам да не одмагам, бидејќи и тоа може да се случи, доколку сакате да бидете од корист за сите. Јована држи се под контрола, па бара помош кога и е потребно. Јас сум секако тука, вели Жељко.