И покрај убеденоста на Ангелес Дуран дека нејзиното присвојување на сонцето е легитимно, некои луѓе не се согласуваат. Џоен Габринович, директорката на американскиот Национален центар за далечинска детекција, воздушен и вселенски закон, вели дека тврдењето на Дуран не е подржано од ниту еден закон.
Џоен Габринович покрај нејзината функција како директор е и професор со 25 години искуство во закони поврзани со вселената. „Моменталното меѓународно разбирање е дека индивидуи не можат да поседуваат небески тела“ вели таа. Дуран своето тврдење го направи врз основа на она што таа го протолкувала како дупка во Договорот за вселената, легален документ создаден во 1967 кој вели дека ниту една суверена земја нема право да поседува небески тела, но не вели ништо за правото на поединци.
Технички ова е точно, договорот ни дозволува ни забранува поединци да поседуваат космички тела како планети или месечини, па госпоѓа Дуран вели дека Сонцето и припаѓа неа, со самото тоа што таа прва го присвоила. Претходно, Денис Хоуп имаше слично тврдење, присвојувајќи ја Месечината како негова тој се збогати продавајќи имоти на нашиот сателит. Професор Габринович вели дека нивните тврдења за сопственост не држат вода. Таа вели дека меѓународните закони зависат од пракса и мислења – како земјите се однесуваат и што тие велат за одредено законско прашање. На пример, во Канада, продавач на имоти на Месечината бил осуден за измама и испратен во затвор. Секоја земја потписник на договорот може да го направи истото, но тоа зависи од нејзината влада.
Според договорот, земјите потписнички мора да дадат дозвола пред било кој нивни жител да може да изведува било какви активности во вселената. Значи, ако сте жител на земја потписник, тогаш вас ви треба дозвола од владата пред да можете да лансирате ракета во орбитата.
Накусо: 1) тврдењето на госпоѓа Дуран нема легитимитет; 2) дури и да имаше легитимитет, ќе мораше да биде активно потврдено од шпанската влада (а не било); и 3) шпанската влада не би го подржала бидејќи во тој случај ќе треба а се соочи со останатите земји потписнички. Значи секој што тврди дека го поседува Сонцето, Месечината или било кое друго небесно тело, лаже. А ако тврдењето на госпоѓа Дуран беше легитимно, тогаш секоја личност која претрпела сончаница, или пати од рак на кожата, ќе имаше право да ја тужи за предизвикана штета. [You can’t own the Sun. NO. Not yours!]