Не им се плаќало веќе кирија, па претвориле шатор од 27м² во топол дом

Имале едно дете, а очекувале и второ, но немале доволно финансии за плаќање кирии, па во природа си поставиле шатор кој го претвориле во најтоплиот дом – приказната за Зек и Кејти.

Зек и Кејти живееле во стан во Калифорнија на почетокот од бракот, но откако им се родиле едно дете и очекувале второ, сфатиле дека не можат да си го дозволат животот што го сакаат, заради високите трошоци.

Кога Кејти останала бремена заминале во нејзиниот роден град Њу Мексико, таму живееле една година, а потоа нејзината мајка им кажала дека има плац на нејзино име.

Тие веднаш сакале да избегаат од плаќањето кирии и сакале што побрзо да се преселат на парчето земја која мајката на Кејти им го понудила.

Најбрзиот и најевтиниот начин бил шатор, кој ќе биде функционално и лесно достапно решение за семејството, со што ќе заштедат 1.500 долари месечно на кирии.

Купиле шатор од 27 метри квадратни, а им биле потребни 8 недели за да го изградат нивното ново живеалиште со мини поткровје.

Во него има сè што им е потребно на едно место – дел за спиење, кујна, трпезарија, мало купатило и гардеробер, а семејството научило да живее со помалку и практикува минималистички стил.

Она што е веројатно најголемиот проблем, е тоа што шаторот нема централно греење, па може да биде премногу ладно во зима. За време на ладните месеци, тие се облечени во јакни и џемпери, а сите 4-ца спијат заедно за да им биде потопло, иако децата имаат свој кревет.

Зек признава дека не е лесно и дека многупати е голем предизвик, со оглед на тоа што е студено, тушот им е надвор и живеат во една соба, но вели дека бенефитот е што се во природа, има време за активности со синчињата и да прави што сака, па додава дека навистина ужива во ова искуство.

Животот може да биде убав, а семејството среќно и во шатор од 27м².

- Реклама -